Доколку сакате да посетите интересен настав викендов што следува, може да  го посетите прекрасното Берово, да уживате во сите убавини во природата и да ги поддржите младите спортисти од ППК Зегин Берово (пинг-понгарски клуб Зегин Берово). За прв пат Беровчани ќе бидат домакини на Меѓународниот турнир „Зегин Опен 2022“.

Натпреварите на првиот Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ започнуваат викендов на 17 и 18 Септември, во салата Македонски Бранители во Берово, а досега на турнирот се пријавени вкупно 76 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово.

Настанот е во организација на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, Пингпонгарската Федерација на Македонија и компанијата „Зегин“.