Во интервју за БГНЕС, бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент и копретседавач на Алијансата на либералите и демократите за Европа, Илхан Ќучук вели дека без спроведување на потребните реформи, односно без промена на Уставот, С Македонија не може да ги започне преговорите со Европскта унија, туку напротив, постои реален ризик од одвојување од Албанија на патот кон Европската унија. На тој начин, Албанија ќе прогресира, а  Македонија ќе остане во групата со земјите кои имаат сериозни проблеми со своите соседи како Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

„Тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа, можност Украина всушност да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен – дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествените односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ за во ЕУ“, вели Ќучук.

Според него, во  Македонија нема единство околу целта на државата за влез во унијата, па затоа се игра со стравовите дека некој ќе постави дополнителни услови на земјава во понатамошниот процес на интеграција во Европската унија

„Ова се условите и двете страни се договорија – Бугарија и Република Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското Народно собрание. Отсега овие договори мора да се исполнат“, вели европратеникот Ќучук.