Возење без трошка одговорност

Безобѕирност наместо разум – видео со опасна и бесмислена демонстрација на „машкост“ денеска ги преплави социјалните мрежи. Автомобил без регистарски таблички, видливо удрен во предниот дел, полн со млади момчиња, едно од нив качено на хаубата, друго стои на прагот од отворената врата – додека возилото се движи низ Скопје

Момчињата се возат по булевар „Партизански одреди“ во Ѓорче Петров, делница каде и во нормални услови има доволно сообраќајни ризици. Празниот коловоз, најверојатно снимен доцна навечер, само ја охрабрил оваа сцена на адреналин, возење без трошка одговорност.

Очигледно, не ги интересира што управуваат по дел со повеќе пешачки премини, каде веќе има регистрирани прегазувања и судари. Во нивниот свет, веројатно, тие се јунаци на моментот. Во реалноста, тоа е рецепт за трагедија.