Тошковски: Сопругот на Ивана имал богато криминално досие

Сопругот и татко на починатите мајка и ќерка, кои вчера паднаа од зграда во Тафталиџе, имал обемно криминално досие, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција.

Тој информира дека Стојанче Јовановски е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело и дека против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Според податоците од СВР Скопје, против лицето биле поднесени десет кривични пријави за дела поврзани со насилен криминал, имотни деликти и дрога.

Пронајдени 20 пакувања дрога

Министерот посочи дека при едно од апсењата за дрога биле пронајдени 20 пакувања наркотична супстанција. По тоа, МВР отпочнало брза постапка и поднело кривична пријава до Јавното обвинителство, кое побарало мерки на претпазливост. Судот ги изрекол тие мерки.

(ВИДЕО) ТОШКОВСКИ СО ДЕТАЛИ: Починатата жена дента разговарала со полиција и не побарала полициска интервенција

Во текот на 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи и напади меѓу сопружниците, при што полицијата постапувала по секоја од нив. Во сите случаи пријавите биле повлекувани, а сега починатата Ивана се откажувала од понатамошно водење на постапките.

Расправа претходела на трагедијата

На вчерашната трагедија ѝ претходела нова расправа меѓу сопружниците, по што полицијата интервенирала. Ивана тогаш изјавила дека немало физички контакт и дека станувало збор за недоразбирање кое ќе го решат по мирен пат, без потреба од полициска интервенција.

Тошковски нагласи дека таа ставила потпис на сочинетата службена белешка пред заминувањето на полицијата.