Синоќешниот пораз на Еурофарм Пелистер од Охрид предизвика бурни реакции кај битолчани, кои очигледно тешко го прифатија неуспехот во рамки на домашното првенство. Битолчани тешко прифаќаат пораз.

Инциденти по натпреварот во „Биљанини Извори“

Покрај искршената врата и неколкуте инциденти, дојде и до полициска интервенција. На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид бил приведен Д.М. (33), ракометар од Скопје и член на ракометен клуб од Битола.

Дејан Манасков приведен во полициска станица по напад над помошниот тренер на Охрид

Физички напад при поздравување на играчите

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ракометарот бил приведен откако, по завршувањето на натпреварот што се одигра во спортската сала „Биљанини Извори“, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А., помошен тренер на домашниот охридски ракометен клуб. По целосно расчистување на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инциденти освен играчите, правеле и навивачите. Затоа низ целиот град до доцна во ноќта имало големо полициско обезбедување. Погледнете повеќе од фотографијата.

Охрид до прва победа над фаворит оваа сезона

Инаку, Охрид го совлада актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер со резултат 29-25 (13-11), во натпревар од 17. коло во домашното првенство, со што го забележа првиот „скалп“ меѓу фаворитите оваа сезона.