Автомобил марка „БМВ“ целосно изгоре попладнево на автопатот Скопје-Тетово, во близина на влезот во Тетово.

Според првичните информации, возилото било во движење во моментот кога избувнал пожарот, кој најверојатно е предизвикан од технички дефект.

(ВИДЕО) Изгоре автомобил на патот Струмица – Дабиле: Причинета голема материјална штета

Противпожарните екипи веднаш излегле на терен и интервенирале за да го изгаснат огнот. За среќа, во инцидентот нема повредени лица, но е причинета значителна материјална штета.

Надлежните служби работат на утврдување на точните причини за пожарот, а сообраќајот на оваа делница беше кратко во прекин додека траеше интервенцијата.

 

Извор: ТВ 21