Се појави ново видео од нова тепачка на бензинска пумпа, во која биле вмешани неколку луѓе. Британците овие битки веќе ги нарекоа KUNG FUel, асоцирајќи на источната боречка вештина. Кризата во снабдувањето со гориво се намалува, тврдат властите во Британија откако наредија и војската да ги вози цистерните до пумпите.

Во Британија гориво има, но нема кој да го развезува поради недостиг на десетици илјади возачи. Тие се главно економски емигранти кои поради коронавирусот заминаа во родните земји, но потоа поради Брегзитот не успеаја да се вратат назад.