Никола Николовски или Боемот 2.0 за првпат во јавност проговоре за бруталниот напад врз него, кој го доживеа откако беше уапсен поради сомневање дека тој ги испраќал дојавите за бомби во скопските училишта. Тој за порталот „А1он“ во детали го опишуваше периодот низ кој помина.

„Некој сакаше да ме оцрни по секоја цена. Бев погрдно нарекуван, ми се лепеа етикети“, вели Николовски или Боемот 2.0 во интервјуто.

Поминал низ шок, сам се пријавил во полициска станица додека екипи го барале дома и околу зграда.

„Преголем стрес. Во тоа не бев само јас, бев разтревожен бидејќи беа вмешани и моите блиски. Не е сеедно“, додава тој.