Средба Николоски – Караџов: Тунел е од суштинска важност за Коридор 8

Средбата помеѓу македонскиот вицепремиер Александар Николоски и бугарскиот министер за транспорт Гроздан Караџов, одржана во рамки на Форумот „Глобална транспортна поврзаност“ во Истанбул, донесе неколку клучни резултати. Најважната – и двете страни се согласија дека мора да се гради заеднички тунел меѓу Македонија и Бугарија како суштински чекор во реализацијата на железничкиот Коридор 8.

Николоски – Караџов: Железничкиот и патниот коридор 8 како предуслов до регионален економски развој

Она што до неодамна изгледаше како идеја, сега прераснува во обврска – двете држави ќе усогласат заеднички договор, кој ќе биде основа за изградба на тунелот кој директно ќе ја поврзе македонската и бугарската железничка мрежа.

Инфраструктурата не смее да биде заложник на политиката

На средбата, повторно беше нагласена стратешката важност на Коридорот 8 – не само од економски аспект, туку и од геополитички. Поврзувањето на Јадранот со Црното море е интерес и на НАТО, а со тоа и на цела Европа. Затоа, ова не е прашање кое смее да се третира политички. Инженерски е предизвик, но решлив – потребна е соработка, не блокада.

Бугарија прифаќа да инвестира – 1,5 милијарди евра за заедничка иднина

Важен исчекор е и најавата дека Бугарија ќе инвестира дури 1,5 милијарди евра во развојот на коридорот. Со тоа, се разбива наративот дека само Македонија треба да го носи товарот. Станува збор за заеднички интерес и заедничка одговорност.

Дополнително, закажана е нова билатерална средба, а експерти од двете земји ќе учествуваат на состанок организиран од Европската Комисија во јули – уште еден доказ дека Коридор 8 конечно се движи напред.