Валчев со реакција за активностите на македонските претставници

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев реагираше на активната дипломатска офанзива на Македонија во Европа, оценувајќи дека македонските претставници настапувале интензивно во пресрет на гласањето за извештајот.

Тој изјави дека високите претставници на Македонија „обиколија насекаде каде што можеа да обиколат, се сретнаа со секој со кого можеа да се сретнат и насекаде рецитираа едно исто“.

„Македонската дипломатија работи исклучително активно“

Според Валчев, македонската дипломатија во изминатиот период дејствувала „исклучително активно“, а, како што рече, дури и „агресивно“.

„Ќе дадам еден пример, минути пред да го гласаме извештајот во средата, имаше претставници на македонската страна кои до последен момент се обидуваа да организираат средби и да стапат во контакт со луѓето кои влегуваа во салата за да гласаат“, рече Валчев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)

Обвинувања дека Македонија ја претставува Бугарија како пречка

Валчев изнесе и тврдења дека во Македонија постои идеологија врз која, според него, се гради тезата дека Бугарија е непријател.

„Има една идеологија врз која е изградена целата егзистенција на Македонија, тоа е дека Бугарија е непријател, како и да кажуваме, и на таа теза постојано треба да се работи“, изјави тој.

Тој додаде дека, според него, Македонија вложува значителни средства и има посебни луѓе кои следат што се случува во Европскиот парламент и во Бугарија, со цел да се одговори на секоја бугарска идеја и на секој бугарски став.

„Бевте сведоци како во неделите пред гласањето на Владата, високите претставници на Македонија обиколуваа насекаде каде што можеше, се сретнаа со секој со кого можеа да се сретнат на ниво на министри за надворешни работи, премиери и насекаде рецитираа едно исто: Сакаме во ЕУ, но Бугарија е пречка“, се пожали Валчев.