Седиштето на бугарскиот клуб именуван по контроверзниот цар Борис Трети, е демолирано со јајца. Демонстрантите ја заострија својата реторика и фрлаат со предмети кој новоотворениот клуб. Тие извикуваат: „АСНОМ живее“, а веат знаме од Југославија, знамето од Вергина и македонското државно знаме. Откако се фрлаше кон терасата на клубот и прозорците, полицијата се качи на спратот од Амамот во Охрид.
Претходно, обидот за првото апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантот фрлаше со предмет кон клубот.
Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична. Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете страни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа провокации.
извор Скопје 1