Утрово бугарската телевизија „БТВ“ објави видео од инцидентот во кој масикирани лица го демолираат бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. Може да се забележат три лица како го кршат клубот со тврди предмети.
Вчера на официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук осамнаа фотографии од демолираниот објект. Инцидентот се случил во 2 часот по полноќ. Искршени се стаклата на влезот на просториите.
Бугарското Mинистерство за надворешни работи (МНР) го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид кое се случило ноќеска.
„Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ)“, соопштија од МНР на Бугарија.