Синоќа нешто пред 20 часот се запали автобус на ЈСП Скопје.

Од МВР потврдија дека на подрачјето на Транспортен центар во Скопје избувнал пожар во автобус сопственост на ЈСП Скопје.

За среќа, во моментот на инцидентот во возилото немало патници. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје соопштуваат дека огнот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Погледнете го видеото.

Ова не е првпат да се запали автобус на ЈСП Скопје. Пред неколку недели гореше друг автобус.

СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС НА ЈСП: Жената возач итно пренесен на Токсикологија

Извор: МКИнформер