Хеликоптерот со посада од седум лица пристигна попладнево, а од утре ќе интервенира заедно со 62 словенечки пожарникари
Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ попладнево слета на Меѓународниот аеродром во Скопје. Посадата брои седум членови.
Информацијата ја потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој најави дека од утре хеликоптерот ќе учествува во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Готен.
– Чешкиот „Блек Хок“ со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна, информира Ангелов.
Хеликоптерот е опремен со големо противпожарно ведро со капацитет од 3,4 тони вода.
Во интервенцијата ќе се приклучат и 62 словенечки пожарникари. Тие патуваат со 18 специјализирани возила. Според најавите, се очекува да пристигнат во Берово доцна вечерва.
– И хеликоптерот и словенечките пожарникари ќе бидат упатени на гасење на големиот пожар на планината Готен од беровската страна. Во текот на утрешниот ден ќе упатиме и други национални сили и ќе се фокусираме на овој пожар, изјави Ангелов.
Тој додаде дека состојбата на останатите пожари е благо релаксирана.
На денешната прес-конференција, Ангелов најави и меѓународна поддршка.
– Помош ни понуди Австрија со 80 пожарникари и Франција со 50 пожарникари, информира директорот на Дирекцијата.
Сите сили ќе бидат координирани за да се спречи натамошно ширење на огнената стихија.
🇲🇰 Vysíláme další vrtulník na pomoc. Tentokrát je cílem naší posádky Makedonie.
Podobně jako v Řecku a Bulharsku, kde už naši hasiči jsou nasazeni, budeme i tady bojovat s lesními požáry v rámci mise @eu_echo. Odřad tvoří 4 členové posádky vrtulníku a 3 hasiči. pic.twitter.com/JVVmG6xvsk— Hasičský záchranný sbor ČR (@hasici_cr) July 29, 2025