До нашата редакција пристигнаа видеа како членови на политичката партија Левица руинираат кафуле во Општина Аеродром. Станува збор за случка од кафулето Хелиум каде наводно тие сакале да го рекетираат сопственикот на локалот.

Од сопственикот на локалот дознаваме дека членовите на Левица Аеродром веќе подолг период се обидувале да изнудат рекет, а за истото тоа можете да се уверите од видеото во продолжение каде јавно велат дека одат на „гратис пиење“ и „афтери“ и употребувајќи погрдни зборови за сопственикот, пренесува Боемот.мк.

Вистината на виделина: Членови на Левица Аеродром руинираат кафуле, а отпосле се жалат дека се жртви from boemot.mk on Vimeo.

Од следното видео можеме јасно да ги препознаеме истите членови како во раните утрински часови по пуштањето од полиција се обидуваат да го руинираат локалот. За среќа, локалот има агенција за обезбедување, која навремено интервенира и спречува поголема штета и кршење на локалот.

 

Вистината на виделина: Членови на Левица Аеродром руинираат кафуле, а отпосле се жалат дека се жртви 2 from boemot.mk on Vimeo.