Веројатно една од најконтроверзните политички фигури од албанскиот кампус е Артан Груби. Тој од лидер на навивачката група „Шверцери“ се искачи до самиот врв на извршната власт како прв вицепремиер во владите предводени од СДСМ и ДУИ. Како близок соработник на Али Ахмети, тој важеше за еден од најмоќните луѓе во Владата, со влијание врз клучни државни проекти.
Владеењето на Груби кој важеше за десна рака на Ахмети се памети како период полн со корупциски скандали, афери, сомнителни тендери и набавки, играње фудбал на мали голчиња по канцеларии. Со таквите потези како играњето фудбалче по канцеларии сакаа да покажат колку многу сила имаат добиено. Јавноста оценуваше дека ДУИ владее со државата, а СДСМ е само помал владин партнер. Заатоа, и доби многу на сила, па пред претходните парламентарни избори сними и видео каде се обиде да го провоцира сегашниот премиер со зборовите „Мицко Па-па“.
Погледнете го видеото:
Во декември 2024 година, Груби беше ставен на црната листа на САД поради наводна вмешаност во корупција. Истата година, Обвинителството побара притвор за него во рамки на истрагата за проневера на околу 8,2 милиони евра во случајот со Државна лотарија. По распишувањето на потерницата, тој ја напушти земјата, а медиумите објавија дека се наоѓа во Косово. Утрово, Груби беше уапсен на граничниот премин Блаце при обид да влезе во Македонија врз основа на меѓународна потерница.
Сега Груби ќе може да прави „Па-па“ во Шутка.
