Седумгодишното девојче кое било под урнатините на зграда во Хатај било спасено 136 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните делови на Турција.
Спасувачките тимови водат „борба“ со времето за да продолжат со потрагата и спасувањето во регионите погодени од земјотресот.
Ekiplerimiz tarafından az önce canlı çıkarılan İsra Tehalmi 7 yaşında. 136. saatte gelen mucize. Hatay – Defne pic.twitter.com/0SyAtJAXFx
— Ekrem İmamoğlu (@ekrem_imamoglu) February 11, 2023
Спасувачите откриле дека под урнатините на зграда во населбата Дефне има живо лице и по неколкучасовна акција успеале да спасат седумгодишно девојче.
Насобраните со голем ентузијазам го прославија спасувањето на девојчето Исра, кое беше префрлено во болница.