Тој истакна дека очекува победа во првиот круг, и потенцираше дека максимално работел за време на кампањата. Цветковски ги повика граѓаните да направат разумен избор за напредок на градот. Тој додаде дека забележал и уништување на дел од пропагандните материјали кои биле поставени како дел од неговата кампања.