„Да не беше трагично, ќе беше смешно“. „Црвена лента да се пресече на свеченото отворање на кутиите?“, „Ние сме лудаци“, „Монти Пајтон не ни е рамен“ се само дел од сеирџиските коментари на социјалните мрежи.

За пречекот на обрасците за пасоши од дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев граѓаните со сеирџиски коментари на социјалните мрежи, а на прес-конференција за оваа тема излезе и пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ кој вели дека „по отворањето на тунел со жива музика и ора, власта доби нова „генијална“ идеја свечено да пречекаат обрасци за пасоши“.

Петрушевски вели дека пратениците на СДС и ДУИ треба да дејствуваат во Собрнието на Македонија, а не да прават ваков пи-ар кој може да наиде само на сеир.

Место пратениците на СДС и ДУИ, да соберат сили и да им излезат во пресрет на граѓаните, да им помогнат со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се одлучија за една „генијална” идеја, свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести, вели пратеникот Петрушевски.

Петрушевски додава дека потребни се само 15 чесни пратеници од власта, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите.

Во продолжение ќе споделиме и дел од најинтересните коментари на сеир кои се на социјалните мрежи:

Чочеци за свеченото пречекување обрасци на пасоши

Ние сме лудаци, Монти Пајтон не ни е рамен

– А црвена лента да се пресече на свеченото отворање на кутиите?

– Лелее светско чудо!!! Кое воодушевување!! Аплауз! Овации ајде! Циркус невиден!

Обрасците се новиот датум за ЕУ

Кружат и сатирични фотографии

И ова го дочекавме

Друже пасош ми ти се кунемо

Уште обрасци за пасоши немавме пречекано