Дезинформации за мигранти и можни странски влијанија

Во утринската програма на Радио Лидер гостуваше Ана Крстиновска, специјалист за надворешна политика и ЕУ-интеграции, со фокус на односите меѓу Кина, Европската Унија и Западен Балкан. Во разговорот беше отворена и темата за наводните информации околу носење мигранти во Македонија, како и можноста тие да бидат дел од организирана дезинформациска кампања.

Дали Кина стои зад лажните вести околу мигрантски кампови во Македонија?

„Зборувавме за тоа колкава е кинеската моќ да учи, да копира идеи, да развива и усовршува. Ова што го зборувате е токму еден од последните „модус операнди“, последните шеми на делување која ние сме ја идентификувале насекаде во светот. Кинезите користат средства, но има разлика од ЕУ и Америка. Американците сакаат да го стават знаменцето секаде. Кина пак, има огромни средства на располагање кои ги вложува во различни организации. Кина во последниве години ја отрки моќта на граѓанското општество. Кина финансира голем број на т.н. инфлуенсери, јавни личности, интелектуалци, новинари кои добиваат средства. Тоа не е јавен податок, вие не можете тоа да го видите. Меѓутоа, ако ја анализирате активноста на тие луѓе и она што го прават тоа ширење на кинеската пропаганда и застапување на кинеската позиција. Тоа Кина го пласира преку нејзините медиуми и преку нејзините политичари и интелектуалци. Вие кога ќе видите објава не знаете дека тоа е платено од Кина“, вели Крстиновска за Радио Лидер.

Крстиновска даде свој и одговор на новинарското прашање дали би се изнанадила ако Британците не ни донесат мигранти и дали можеби Кина стоела зад таа пропаганда?

„Многу е тешко да се открие кога се случува пропагандата кој стои зад неа. Дали е Кина, дали е Русија или пак домашни пропагандисти. Тоа е апсолутно нетранспарентно“, рече гостинката Крстиновска.

Таа даде одговор на прашањето за мигрантите.

„Со Кина е поинтересно затоа што не се класични дезинформации. Ова со мигрантите ние ќе дознаеме ако се покаже дека е комплетно неточно значи е дезинформација. Наративите кои ги шират за Кина имаат делумно вистина. Не е погрешно ако кажете дека Кина има економија која е во подем или е технолошки напредна. Тоа се поврзува со white washing или промовирање на кинескиот модел „вие може да имате напредна економија затоа што имате комунистички модел“. Тоа е моментот на спинување на вистината која многу повеќе може да ги убеди граѓаните од класична дезинформација, вели Крстиновска за Радио Лидер.

Погледнете ја целата емисија:

Политичкото финансирање останува енигма

Златев посочи на пример каде пратеник од партијата на Најџел Фараж дека добивал 900.000 фунти од извори поврзани со Русија. Со тоа, Крстиновска зборуваше повеќе околу политичкото финансирање.

„И кај нас политичкото финансирање е проблем затоа што не се следи тој тек на парите. Вие не знаете кој е директен донатор на партиите. Има заобиколен начин на кој кинески и руски ентитети, фирми ги финансираат политичките партии, рече Кристиновска и упати сомнеж дека тешко може да се знае дали опозицијата во Македонија на своја рака шири дезинформации или пак зад тоа стојат и странски центри зад нив“, заклучува Крстиновска.