Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција одново зборуваше дојавите за бомби во училиштата, а овој пат ги спомна и агенциите за обезбедување чии сомнежи јавноста ги изради уште при претходните дојави.

Дојавите за бомби од вчера повторно се актуелни, а министерот Спасовски смета дека приоритет треба и се даде на истрагата, но дека ќе треба да се размисли овие објекти да имаат обезбедување, бидејќи само во едно од средните училишта во Скопје кое има свое обезбедување, досега немало дојава за бомба.

– Овде во Скопје, според информациите коишто ги имаме, само едно од средните училишта има свое обезбедување и таму не се појави никогаш пријава дека има лажна дојава за бомба. Нормално е дека приоритет и се дава на истрагата и веднаш после завршување на вештачењето ќе има реализација во овој дел. Прашањето е дали овие хибридни закани одат од еден центар или од повеќе центри. Веќе многу е распространето не само кај нас, туку и во соседството. Сега имаше дојави и во други држави на ЕУ и сето тоа се зголеми после руската инвазија на Украина, изјави Спасовски, посочувајќи дека има осомничени.

Во продолжение може да погледнете видео, исечок од денешната негова прес-конференција.