Вистинска драма се одвиваше синоќа во групата Е, каде на крајот Јапонија заврши на првото место, а Германија беше елиминирана.
Веднаш стигнаа обвинувањата дека Шпанците калкулирале и намерно сакале да ја избегнат Хрватска, но во еден момент беа пред елиминација кога Костарика поведе против Германија.
Енрике изјави дека воопшто не знаел што се случува на мечот со Германија, но сега се појави доказ дека лажел.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое Коке од клупата им покажува на соиграчите дека Германија поведе со 3:2, а Луис Енрике е на два метра од него и не е можно да не знаел.