Стотици демонстранти кои протестираа против палењето на Куранот синоќа упаднаа во амбасадата на Шведска во центарот на Багдад, при што запалија дел од зградата.
Серија видеа, објавени во групата One Baghdad Telegram, покажуваат луѓе кои се собираат околу шведската амбасада околу еден часот по полноќ синоќа, извикувајќи слогани за поддршка на шиитскиот свештеник Муктада ал Садр.
Еден час подоцна, имаше напад на амбасадата, а на видеата се гледаше како чад се издига од зградата во комплексот на амбасадата и демонстрантите кои стојат на нејзиниот покрив.
Сите вработени во амбасадата се добро, се вели во соопштението на шведското Министерство за надворешни работи, кое го осудува нападот и ја нагласува потребата ирачките власти да ги заштитат странските дипломатски претставништва.
🔴🇸🇪🇮🇶 L’ambassade de Suède en Irak prise d’assaut et incendiée par des manifestants cette nuit à Bagdad alors qu’un rassemblement autorisé est prévu aujourd’hui à Stockholm lors duquel un réfugié irakien doit brûler un coran
— – Le Direct Info 🔴 (@antoine8z80) July 20, 2023
Демонстрациите беа организирани на покана на приврзаниците на шиитскиот свештеник Муктада ал Садр во знак на протест против второто планирано палење на Куранот во Шведска за неколку недели.
Ел Садр е една од најмоќните фигури во Ирак, која командува со стотици илјадници следбеници. Минатото лето тие ја окупираа силно утврдената Зелена зона во Багдад и учествуваа во судири, во кои имаше и жртви.
Ирачката влада остро го осуди палењето на шведската амбасада во Багдад, а безбедносните сили добија наредба брзо да истражат и да ги казнат одговорните.