Десетици илјади Унгарци се собраа денеска во Будимпешта за поддршка на премиерот Виктор Орбан, кој на парламентарните избори на 3 април ќе се бори за четвртиот последователен мандат.
На митингот Орбан зборува за положбата во која се наоѓа Унгарија во екот на руско-украинската војна, заложбата на владата за мир и сигурност во земјата, предизвиците со кои се соочуваат и кои, како што вели, се подготвени да ги освојат.