Деспотовски кој и пред две години се обиде да се кандидира за претседател на оваа партија, ќе се обиде повторно да го направи истото. На новинарско прашање тој го потврди гласањето.

Размислувам да се кандидирам повторно. Досегашните политики кои се надевам дека се „досегашни“ нема да имаат континуитет понатаму, вели тој.

Деспотовски дава кратка ретроспектива на претходните избори да биде лидер на СДСМ, вели дека и покрај се во интерес на партијата му честитал на Ковачевски. Вели дека неспорно е дека СДСМ доживеал дебакл на изборите, а затоа треба итно да се преземат работи за промена на нештата.

На претходните избори тогаш излегов и честитав на тогаш избраниот претседател. Мојот став го кажав и тогаш и сега, изборот беше погрешен. Прегласувањето не го менува фактот дека СДСМ доживеа дебакл на изборите. Ако може да зборуваме за нешто позитивно, ако има нешто позитивно е дека останавме една од двете најголеми партии. Знам дека сме на дното, но не правиме дупка на дното. Трендот е лош, ако сега не се направи радикален дисконтинуитет потоа ќе биде доцна.

Јован Деспотовски вели дека „одговорност е јасна“, а за истото партијата требала да зборува уште вечерта на изборите.

Немаме луксуз да зборуваме кој е виновен за поразот или одговорност. Одговорноста е јасна. Поминаа десетина дена, Сања и градоначалникот на Валандово први си дадоа оставка. Немаме луксуз да зборуваме кој е одговорен, ова требаше да го зборуваме уште вечерта на изборите, а не да чекаме 10 дена.