Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека младите се иселуваат поради лошиот живот.
Според неа, тие имаат план како да го сопрат егзодусот.
„Кога зборуваме за иселување на младите, треба да го гледаме од два аспекти. Едниот аспект е тоа дека денес ни се иселуваат млади деца чии родители имаат сериозни бизниси во државава и не сакаат да останат, и заминуваат, што јасно покажува дека не станува збор веќе за финансиската состојба туку е во прашање нешто сосем друго. И втората група на млади кои што имаат други проблеми од аспект на невработеност, потешко доаѓаат до работни места и во услови, односно во периодот на студирање, катастрофалните услови во студентските домови“, вели Димитриеска Кочоска.
Таа вели дека за неа е пострашен вториот проблем, кога се иселуваат млади лица, кои што се добростоечки финансиски и не сакаат да останат во државава.
„Тоа пред се е резултатот на нефункционирање на системот, на корупцијата и криминалот“, додава Димитриеска Кочоска.