Димовски истакна дека сето она што тие го зборувале изминатите години веќе станало видливо, а Македонија се соочува со криза од невидени размери.

– Ние дојдовме во ситуација сето она што сме го говореле во минатите години да станува видливо. Имаме стопанска криза, 55.000 работни места помалце за една година. Да, живееме во здравствена криза, но и другите земји ја имаат истата криза. Србија овој период има над 2,5 милијарди евра странски инвестиции, ние немаме ниту 205 милиони. И другите земји минуваат низ здравствена криза, но функционираат. Во Бугарија во Србија се изградија по 1-2 специјални болници за третирање на пациенти со коронавирусот. Албанија има веќе над 200.000 вакцини, рече Димовски.

Како што истакна тој, 25.000 вакцини кои ние ги добивме во текот на вчерашниот ден, се доволни за вакцинирање на град со големина на Пробиштип.

Тој додаде, дека сето ова можеби изгледа смешно, но тоа што ни се случува е трагедија.

– Пред 1 година и месец дена, влеговме во коронакриза. Што направи државата во тој период за да го подобри здравствениот систем? Дали има набавено едно амбулантно возило, освен некои чудни спорни донации во Струмица. Дали установите во Велес добија едно возило за брза помош? Дали добија нова апаратура? Не добија. Дали лековите се поевтини? Не, поскапи се. Дали можат да набават евтини брзи тестови за корона за граѓаните? Не, скапи се, по 2-2.500 денари. Значи, на 13 месеци, одговорна власт ќе направеше репрограмирање и концепти, ќе потрошеше пари. Тие се фалат дека потрошиле само 7 милиони евра од предвидените 30 милиони за здравството, подвлече Димовски.

Погледнете го неговото гостување во емисијата со клик ТУКА.