Државната комисија за спречување на корупција ги потсетува сите новоизбрани советници, градоначалници и функционери за одредбите од законот за спречување на корупција и судирот на интереси, како и дека при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, партиски и етнички интереси.

Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска во разговор за телевизија 24, ги повика и новоизбраните функционери да ја пријават имотната состојба во рок од 30 дена од денот на изборите.