На социјалните мрежи се споделуваат видеа на кои се гледа метежот и застојот на границата, особено по продолжениот велигденски викенд кога се зголемува фреквенцијата на патници.

Според сведоштва на граѓани, чекањата траат со часови, а колоните се протегаат на повеќе километри. Слични гужви се очекуваат и во текот на денот поради засилениот сообраќај.