Фудбалерите на Беса Слупчане, Орхан Демири и Ердин Арифи, добија доживотна суспензија поради инцидентот во кој физички го нападнаа голманот на Аеродром, веднаш по натпреварот од Третата лига – Север. објави Скопје1.мк

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе и дополнителни санкции кон клубот од Слупчане. Покрај доживотната забрана за настап на двајцата играчи, суспендиран е и домашниот терен на Беса, па клубот следните десет натпревари ќе мора да ги игра на неутрален стадион.

Дополнително, клубот е задолжен да плати парична казна, чии износ не е официјално објавен.

„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на дисциплинските прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот“, стои во соопштението од ФФМ.