Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 ја доби казната за физичкиот напад кон играчот на Работнички од страна на службено лице за време на натпреварот од Првата лига кој се одигра изминатиот викенд.
Според дисциплинскиот правилник на КФСМ, КК Чаир, ќе плати вкупна казна од 200.000 денари, три меча ќе игра надвор од својата сала, а дополнителни седум оваа сезона ќе ги игра без присуство на публика.
За инцидентот во салата на Чаир, имаше објава и во полицискиот билтен на МВР. Домаќинот нема да го добие и бодот за овој натпревар, а мечот е регистриран со службен резултат (0:20) во корист на КК Работнички.
„На 11.12.2022 во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортската сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, објави МВР во билтенот.
Како изгледаше инцидентот може да погледнете во продолжение:
По расчистување на случајот од страна на МВР, се најавува дека КФСМ ќе преземе и соодветни мерки против лицето Алтин Рушити, официјален фоторепортер на КК „Чаир 2030 АД“.
Кошаркарот Рушити Арбин од КК Чаир и Ерик Нотиџ од КК Работнички, се казнети со 10.000 денари како инцијатори на инцидентот на паркетот.