Шведската полиција соопшти дека работи на евакуација на луѓето кои живеат во близина. Според локалните медиуми, меѓу 100 и 200 луѓе биле евакуирани од станбениот блок.
„Стотици луѓе се евакуирани, граѓаните скокнаа од прозорците и паднаа во дворот“, рече шефот на спасувачката служба.
Шведската телевизија СВТ јавува дека по првичната експлозија избувнал пожар во неколку згради.
Според неофицијални информации, најмалку три лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Полицијата го блокираше местото на експлозијата и започна истрага за да ги открие околностите на инцидентот.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.