Вистинска драма се случуваше попладнево на скопската улица „Орце Николов“, каде повозрасен човек, веројатно со намера да си го одземе животот, скокна од балкон од зграда.
Човекот беше спасен со брза реакција на неколкумина минувачи и луѓе од блискиот дуќан, на кои тој буквално им скокна во раце.
По ова, иако полесно повреден од падот, зашеметениот човек појде кон автомобилите на раскрсницата на улиците „Рузвелтова“ и „Орце Николов“, со очигледна намера да си наштети, но присутните уште еднаш го спречија во намерата.
Насобраните граѓани веднаш пријавија во полиција и брза помош.