Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска оствари средба со полицаецот Беким Исмани, кој вчера спречи самоубиство во Тетово. Токму Исмани спаси живот на млада девојка во тешка психолошка состојба. Исмани покажа исклучителна храброст и присебност, влегувајќи во хотелска соба каде девојката се заканувала дека ќе се фрли од прозорец, држејќи нож во рака. При интервенцијата, тој беше полесно повреден.
- Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност. Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот – истакна Тошковски.
Министерот најави дека ќе го награди Исмани во рамки на законските можности. Тоа ќе биде признание за неговиот професионализам, храброст и несебична реакција.
- Вистинската сила на полициската професија се гледа токму во најтешките моменти – додаде Тошковски.
Министерот даде посебен акцент на човечката страна на полициското делување.
Повеќе прочитајте од веста во продолжение:
Тошковски: Ќе има награда за храбриот полицаец кој спречи трагедија во Тетово