Разорните поплави погодија делови од Босна и Херцеговина и однесоа најмалку 15 животи, но многу граѓани се во неволја и им е потребна помош.

Големи поплави во БиХ: Има жртви, повредени и исчезнати

Низ целата држава има спасувачки акција. На социјалните мрежи стана вирална спасувачка акција од местото Бутуровиќ каде планинската спасувачка служба му помогнала на едно лице заробено на островот создаден од поплава. Силниот порој им отежна на спасувачите, но на крајот успеаја. Во продолжение погледнете го видеото.

Во меѓувреме, помош стигнува од различни места. Милорад Додик помогна со 50 илјади марки.

Најмалку 14 загинати во БиХ, Додик со финансиска поддршка од 50 илјади марки

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека Хрватска ќе испрати се што може и се што и треба за барем малку да ја олесни ситуацијата.

И додека не пристигне меѓународната помош, на терен има спасувачи, полиција, војска и доброволци, а нивната цел е иста – да се спасат сите кои се во опасност.