Сијарто: Зеленски го искористи државниот празник за да се закани на Унгарија, нападите врз нафтоводот „Дружба“ се напад врз нашиот суверенитет

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, обвини дека украинскиот претседател Володимир Зеленски на државниот празник на Украина испратил закани кон Унгарија, коментирајќи ги нападите врз рускиот нафтовод „Дружба“ кој ја снабдува земјата со нафта.

„@ZelenskyyUa го искористи националниот празник на Украина за да ѝ се закани на Унгарија. Цврсто ја отфрламе оваа заплашувачка реторика,“ напиша Сијарто на социјалната мрежа X.

„Во последните денови Украина спроведе сериозни напади врз нашето енергетско снабдување. Нападот врз енергетската безбедност е напад врз суверенитетот. Војна со која Унгарија нема никаква врска никогаш не може да биде оправдување за нарушување на нашиот суверенитет,“ додаде унгарскиот министер.

Тој порача дека Будимпешта ја почитува територијалната целовитост на секоја држава и очекува исто возвраќање, но оцени дека „безобѕирните напади врз енергетската инфраструктура на Унгарија се неприфатливи“.

Изјавата на Сијарто следи по коментарот на Зеленски, кој изјави дека „Украина секогаш била за дружба со Унгарија, но дружбата зависи од самата Унгарија – што беше протолкувано како закана и потсмев, имајќи предвид дека „Дружба“ буквално е  у тој нафтовод што беше погоден од украински удари.

Нападот врз „Дружба“ предизвика прекин на снабдувањето со руска нафта до Унгарија, земја која досега одбиваше да се приклучи на НАТО-иницијативите за целосна воена ескалација.