Две возила изгореле во пожар што утринава, околу 4 часот, избувнал на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.
На местото интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, кои успеале да го изгаснат пожарот.
Според досегашните информации, нема повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.
Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.
