Џафери е првиот сепаратист во историјата кој станал премиер на државата од која сакал да се цепи!

 

Дојдоа 5-те минути за ДУИ. Нивното барање за Албанец премиер изгледа конечно ќе се реализира!

Господинот Талат Џафери е човек со неверојатна биографија. Офицер на ЈНА, дезертер од ЈНА, дезертер од АРМ и сепаратист командант на УЧК,. Тој ги остава војнички чизми на таванот и продолжува во светот на политиката, каде за Талат Џафери нема граници!

Тој беше избран за министер за Одбрана, претседател на собрание, а веројатно наскоро ќе биде првиот премиер Албанец во Македонија, државата против која он се бореше!

Животот на Талат Џафери бележи само нагорна тенденција и има една исклучителна биографија и кариера

Па кој може да се пофали со таква биографија? Навистина во 3 животи човек не може да смени толку униформи и функции.

Има уште еден аспект во кој Талат е уникатен, а можеби и единствен пример во историјата. Потекнува од сепаратистичко герилско движење кое доаѓа на власт во државата против која се бори и станува Премиер!

Замислете лидерот на курдските сепаратисти да стане премиер на Турција?

Лидерот на ЕТА премиер на Шпанија?

Лидерот на ИРА премиер на Англија?

Можеме да заклучиме дека Талат Џафери е најуспешниот сепаратист во историјата.

Тој заедно со Тито и Кастро е редок пример на герилец кој станал лидер на една држава!