Лимузината на претседателот на Руската Федерација – моделот „Аурус Сенат“ со вредност од околу 320.000 евра – се запали на улицата Сретенка во центарот на Москва, во непосредна близина на зградата на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Инцидентот предизвика аларм кај безбедносните структури. Лимузината на Путин била зафатена од пламен кој избувнал од моторот и се проширил кон внатрешноста. На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како возилото гори, а пожарот бил изгаснат од итните служби.

Лимузината на Путин е дел од возниот парк на Одделот за транспорт при претседателската администрација. Засега не е познато дали некој се наоѓал во возилото во моментот на експлозијата. Не се пријавени жртви или повредени.

Претседателот наредил безбедносна проверка на подземната инфраструктура околу локацијата, јави рускиот опозициски медиум „Агентство“. Кремљ сè уште нема издадено официјално соопштение за инцидентот.