Пет експлозии, од кои четири беа исклучително силни, одекнаа во Дубаи

 

Пет експлозии, од кои четири беа исклучително силни, одекнаа во Дубаи. Туристичкиот рај се најде во центарот на конфликтот меѓу Америка и Израел против Иран.

Дубаи е комерцијален и туристички центар на ОАЕ и во него нема ниту една позната американска воена база. Видео снимки од новинар на CNN покажуваат чад како се издига од област во близина на пристаништето Џебел Али, голем глобален центар за транспорт и логистика.

Друго видео до кое дојде Си-Ен-Ен покажува нешто што изгледа како експлозија предизвикана од пресретнувањето на ракетата.
Според извештаите, во Дубаи се слушнале најмалку пет експлозии, откако Иран започна контранапади по заедничкиот американско-израелски напад.

Воздушната одбрана е активирана, а снимките од социјалните медиуми покажуваат дека аеродромот во Дубаи е парализиран.
Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат ракети како летаат над Дубаи, вклучувајќи една над Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот.

Снимките прикажуваат луѓе како лежат на лежалки покрај базенот додека чад се крева кон небото.

Според непотврдени извештаи, Бурџ Калифа се евакуира. Во Абу Даби, едно лице загина откако остатоци од ракета паднаа врз станбена зона.

Иран рано утрово изврши ракетни напади врз клучни американски воени објекти во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија, но ракетите и беспилотните летала паднаа во Сирија и Јордан.