Бројот на жртвите од пожарот на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан се искачи на 27 лица, меѓу кои три деца, објави рано утринава новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош.

Пожар избувна во работилница за поправка на автомобили на страната на автопатот во главниот град на Дагестан Махачкала во понеделникот вечерта, предизвикувајќи експлозии кои се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија официјални лица.

 

 

Снимките објавени на интернет покажуваат запалена еднокатна зграда, објави ТВ Ројтерс. Овде е како војна, рече сведокот.

Бројот на повредени се искачи на 66, од кои 10 се во критична состојба, јави новинската агенција РИА повикувајќи се на рускиот заменик министер за здравство Владимир Фисенко. Тринаесет од ранетите се деца, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство на Дагестан.

На пожарникарите им требаа повеќе од три и пол часа да го изгаснат пожарот, кој се прошири на површина од 600 квадратни метри, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на руската служба за вонредни состојби.