Едно лице беше повредено во текот на ноќта во Загреб кога непознато лице активирало експлозивна направа.

Повеќе автомобили се оштетени при активирањето на неидентификуваната експлозивна направа околу 2.20 часот по полноќ на улицата Стењевечка, пренесува хрватски Индекс.

Повредениот е пренесен во болница, а тежината на повредите што ги добил не е позната.

Истрагата е во тек, додава загрепската полиција.