Речиси сите улици во централното градско подрачје се блокирани поради меѓувладината седница на Македонија и Косово која се одржува во Скопје.

Скопјанката вели дека не може да отиде кај татко ѝ кој починал заради меѓулвадината седница. Иако полицајците ѝ рекле да почекаат две минути, сепак таа чекала 20 минути. Но, камерата на Сител била таму, па делегацијата поминала дури по 45 минути.

– Одам на погреб кај татко ми, никој не сака да ми направи простор да поминам, сите полицајци ми викаат „чекајте две минути, чекајте две минути“, емотивно вели скопјанката за камерата на Сител.

Заради денешната меѓувладина седница Скопје беше блокирано повеќе од еден час, а граѓаните беа револтирани заради преголемите гужви.