Емотивен пречек од најблиските проследен со солзи радосници добија нашите граѓани кои се вратија од подрачјето на Израел каде започна војна. Екипата на „360 степени“ беше на скопскиот аеродром каде имаше емоции.
И претходно објавивме како редакцијата на Радио Лидер дека македонските државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Авионскиот превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, беше организиран согласно одлуката донесена од страна на Владата, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои побарале да се вратат во Македонија.
Како што соопштија вчера од Владата, во услови на целосно откажани летови и блокиран авио-транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.
Освен ова видео, ОВДЕ може да погледнете каква беше атмосферата во авионот кога еден наш граѓанин извика „Да живее Србија“.
Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво – Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија.