Израел под ракетен оган во текот на ноќта

Иранските ракетни напади врз Израел не престанаа ниту во текот на ноќта, додека тензиите меѓу двете држави добиваат сè поопасни димензии. Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово информираа дека сирените за воздушна опасност се огласиле во повеќе области низ земјата, предупредувајќи на нов ракетен напад.

„Противвоздушната одбрана повторно беше активирана заради пресретнување на проектили“, соопштија од ИДФ, додавајќи дека на жителите им било наложено да се повлечат во засолништа. Неколку часа подоцна, војската објави дека „заканата е повлечена“ и граѓаните можат безбедно да ги напуштат засолништата.

Светските медиуми пренесоа снимки од нападот.

Иран предупредува – нападите ќе продолжат

Иранските државни медиуми, пак, објавија дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда испратил директно предупредување до Израел, најавувајќи нови воздушни напади токму во текот на ноќта.

Во претходниот напад беа истрелани ракети од територијата на Иран. Засега нема прецизни информации за точните цели или дали има повредени лица како последица од ударите.

Ерусалим и Тел Авив главна мета

Моќни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети кон Израел, пренесуваат медиумите.

Претходно, сирени за воздушен напад се огласија во неколку израелски области.

(ВИДЕО) Израелски удар врз државната телевизија на Иран за време на директен пренос

Израелската армија објави дека е во тек операција за пресретнување на ракетите. Подоцна соопшти дека заканата поминала и дека луѓето можеле да ги напуштат засолништата.

Извор: Индекс.хр