Подигнати вкупно 350 тони комунален отпад. Ова преку соопштение до медиумите во петокот го истакнаа од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Велат, го собирале комуналниот отпадот на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром.

Читатели испратиле видео материјали до Курир, за кои велат дека, прикажуваат како всушност изгледа собирањето на комуналниот отпад.

Контејнерот се празни, но сиот отпад одложен до него, како резултат на нередовното собирање смет, останува на улиците, тротоарите.