Жители на Киев на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од своите станови, прикажувајќи ги условите во кои живеат поради ниските температури и проблемите со греењето.

На објавите се гледаат замрзнати радијатори, термометри со температури близу нулата и различни импровизирани решенија за затоплување на просториите.

Граѓаните сведочат дека ноќите ги минуваат облечени во повеќе слоеви облека и со повеќе ќебиња. Дел од нив користат свеќи и мали греалки за да ја задржат топлината во домовите.

Некои од објавите посочуваат дека состојбата е особено тешка за постарите лица и семејствата со мали деца.