Во текот на изминатиот ден, 15 септември, понеделник, бил запален сервис на возила во стаклара кај скопската населба Пинтија. Плусинфо дојде до снимка од палењето. На видеото можат да се видат повеќе опожарени возила и лице во дуксерка во раните утрински часови.

„Еве како организирано се пали низ Скопје. Сценарио за кревање паника и за политички поени“, се вели во описот на видеото.

Според Центарот за управување со кризи пожарот бил изгаснат во раните утрински часови по тешка акција на службите.

„Рано утрово пред 4.00 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети.

БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот.

Детали за случајот се очекуваат и од другите надлежни институции.