Музичарите од оркестарот на Македонската филхармонија и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат” носеа црвени ленти во форма на музички снижувалки поради одлуката која ја донесе Министерството за култура.

„Нашиот протест продолжува се до конечната промена на оваа одлука. Ви благодариме на разбирањето и поддршката – истакна концерт мајсторот Владимир Костов, пред почетокот на концертот.

Вработените во Македонската филхармонија во средата протесираа пред Министерството за култура и ѝ дадоа црвен картон на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која, се уште не го реши проблемот со просторното сместување на втора институција во концертната сала на Филхармонија.

„Наместо грижа и конструктивност при решавање на проблемот, нашата институција е „нападната“ од инспекции и има блокирана сметка“ велат од Филхармонија.