Филхармоничарите денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за култура, поради одлуката новоформираниот Џез оркестар да биде сместен во објектот на Македонската филхармонија, пренесе Макфакс.
Вработените протестираа со жолти картони во рацете, барајќи одлуката да биде променета.
„Продолжуваме со протестите секојдневно, бидејќи нема решение. Министерката најави дека интензивно работи на решавање на прблемот, но поминаа два месеци – решение нема. Првично беше формиран џез оркестарот со трајно решение во Македонска филхармонија, а потоа под притисок на вработените беше го сменија во привремено без временска рамка. Денес и даваме жолт картон на министерката“, рече претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски.
Претходно, музичарите настапија на концерт со жолти ленти на рацете во знак на протест.
Вработените од оваа институција велат дека одлуката за џез оркестарот била донесена без никаква консултација, што, сметаат дека е крајно поразително и деградирадирачки. Според нив, зградата не е предвидена за во неа да бидат сместени два оркестри, туку е прилагодена на нивните потреби.